Владата на вчерашната на седница донесе одлука да ја обнови работата на контакт-центарот наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.

Како што информира владината прес-служба, компаниите и физичките лица со јавување на телефонските броеви на кол центарот ќе можат да ги добијат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки поврзани со справување со состојбата со КОВИД-19.