Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во јануари 2022 година. Таа се сведе на ниво од 4,35%.Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,71%.

Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска:

https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9AS/2022/Soopstenie_za_pecat_kamatni_stapki_2022_januari_mk.pdf

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): трет квартал на 2021 година

 Во четвртиот квартал на 2021 година, вкупните средства на останатите финансиски институции, достигнаа ниво од 165.579 милиони денари и се зголемија за 7.762 милиони денари на квартално ниво. Структурата на средствата, укажува дека доминантно учество од 65,6% имаат пензиските фондови, а по нив следуваат осигурителните друштва, со учество од 17,7%.

Најголем дел од средствата на ОФИ се вложувања во должнички хартии од вредност со учество од 49,1%. Потоа следуваат сопственички хартии од вредност со учество од 26,1% и валути и депозити со учество од 11,3%. Обврските на ОФИ пред сѐ се однесуваат на техничките резерви на осигурување , како и на капиталните сметки  со учество од 55,1% и 36,7%, соодветно.

Најновото соопштение за позначајните движења кај ОФИ е достапно на следната врска:

https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/OFI/2021/Soopstenie_za_pecat_OFI_Q4_2021_mk.pdf