Делегацијата на германското стопанство и Македонско-Германското стопанско здружение денеска во Скопје беа домаќини на првата панел дискусија на тема: „Владеење на правото за економски раст во Северна Македонија“.

На отворањето на настанот, директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс, соопшти дека анкетата за деловната клима во Северна Македонија, која веќе 17 години по ред ја спроведуваат Делегацијата на германското стопанство и Македонско-Германско стопанско здружение и оваа година со најслаба оценка ја оценува првната сигурност од страна на претставниците на стопанството.

Прaвната сигурност е оценета најслабо на анкетата за деловната клима во Северна Македонија на Делегацијата на германското стопанство.

– Воедно, во изминатите години се соочивме со повеќе барања од страна на компании-членки кои имале проблем со спроведување на закони, барање на поткуп, одложувале на судски спорови. Нѐ радува слухот на Владата со која веднаш по излегувањето на овие резултати наидовме на заедничко гледиште дека во најкус рок треба да се организира овој панел на кој ќе им се даде можност на претставниците од стопанството да информираат за предизвиците со кои се соочуваат во праксата, изјави Мартенс, се вели во соопштението од Делегацијата на германското стопанство.

Говорници на панелот беа и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Министерот за правда, Никола Тупанчески, Судијата при Основен Суд Велес Александар Шопов, адвокатот Игор Александровски, како и Емилија Спировска, член на Управен одбор на ПроКредит банка и медијаторката Јелисавета Георгиевска.

Вицепремиерот Маричиќ, се вели во соопштението, говореше за транспарентноста и правна сигурност, како и за доближувањето на земјата до европското законодавство, мерките кои се преземаат за сузбивање на корупцијата и криминалот во стопанството.

Министерот за правда, Тупанчевски, говореше за дигитализацијата во судството и придобивките во однос на транспарентноста и намалувањето на корупцијата.

Судијата Шопов информираше за најголемите предизвици во судството за стопанствениците. Тој порача дека законите во земјата се мошне добри, голем дел од нив се прилагодени на европското законодавство, но промените настануваат со честите законските измени од кои честопати нема потреба.

Адвокатот Александровски, кој застапува повеќе германски инвеститори, ги сподели најголемите предизвици со кои се соочил и презентираше конкретни предлози како може некои процеси и процедури да се поедностават за компаниите-инвеститори.

Емилија Спировска, Член на Управен одбор на ПроКредит банка, го презентираше законот за перење пари и неговата примената во праксата.

На крајот говореше и Јелисавета Георгиевска, медијатор. Георгиевска говореше за успешноста на медијацијата во Северна Македонија, дали е популарна таа алатка, кои правни механизми може да примени има еден медијатор.