Предизборие, период во кој политичарите уживаат додека зборуваат за економијата. Кампањата се уште не започната, а од говорите како на власта така и на опозицијата може да се слушнат ветувања и најави дека животот во Македонија ќе биде рај. Повисоки плати и пензии, развој на стопанството помогнат од државата, капитални инвеатиции, подобро здравство, модерно образование, поефикасна администрација, ова се само дел од убедувањата на потенцијалните идни функционери. Сега секоја од партиите не само пред граѓените, додворувања ќе имаат и со бизнис здруженијата, стопанските комори се со цел да им дадат до знаење дека власта и стопанството ќе бидат партнери и заедно ќе ги решаваат сите предизвици со кои ќе се соочат низ годините. Но, тоа најчесто е така до формирањето на идната власт, потоа според бизнисмените приоритетите на политичарите се други, економијата се става во втор план, а состаноците за економските политики помеѓу реалниот сектор и властите се чиста формалност.

Подолг период Стопанската комора од Владата бара економијата да биде врвен приоритет во наредните 10 години. Потребно е да се намали бројот на сегашните 1354 институции, да се прогласи мораториум за нови вработувања во јавниот сектор и да се сведат на минимум непродуктивните буџетски трошења. Тоа што просечна стапка на економски раст е помала од 2% во периодот од 1992 година до денес за бизнисмените е чисто разочарување бидејќи станува збор за убедливо најниско ниво во споредба со сите земји од поширокиот регион. Од комората велат дека уште едно разочарување е тоа што низ годините има континуиран раст на задолжувањето на државата. Јавниот долг во 2023 година достигна 58% од БДП со тенденција тој да продолжи да расте во наредниот период.

„Потребно е да се зафатиме со суштината и со реалноста која подразбира враќање на правната држава и владеење на правото, почитување на темелните вредности и принципи на пазарната економија, запирање на непродуктивните и популистички трошења на буџетските пари, зголемување на продуктивноста, конкурентноста и додадената вредност во економијата, како и завршување на процесот на гасификација како клучен инфраструктурен приоритет во интерес на граѓаните и бизнисот. Сега најчестите зборови ќе бидат градење на платформа со сите субјекти кои и сакаат добро на оваа држава, партнерски и фер односи со владата и јасно прокламираната алтернатива дека ако не дојде до реализација на овие цели ќе се повика меѓународниот фактор да се вклучи активно во решавање на застојот во нашиот развој и ќе се принуди компаниите и бизнисот да б

Власта сега нуди помош на компаниите, просечна плата од над 1000 евра, секое прво вработување да биде наградено со државна честитка од 200 евра, поддршка на земјоделците. Политичарите со вакви ветувања сега атакуваат на нов мандат, на задржаување на власта и раководење со државата.

„Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе изнесува 37.000 денари. Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари. Од оваа година, па секоја наредна ќе има новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата. Новата влада на СДСМ ќе обезбеди по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години. Со новата програма се обезбедуваат уште поголеми субвенции и поддршка за нашите земјоделци од 750 милиони евра. Еден од проектите е бесплатен топол оброк за учениците во основните и средните училишта. Бесплатен јавен превоз за сите ученици и студенти“, велат од СДСМ.

Но и опозицијата некако акцентот оваа кампања го става на економијата. Партиските собиранки на ВМРО-ДПМНЕ преовладуваат со теми од областа на макро и микро економијата. Фискална политика, формирање на буџет кој ќе биде трошен за потребите на граѓаните, олеснување на трговските бариери за фирмите, поддршка во производството, насочување кон енергетиката, подобрување на патната инфраструктура.

„Економијата е најважна, затоа што граѓаните очекуваат подобар животен стандард и тоа ни е клучното. Ние како да ги покачиме платите предвидуваме со оваа програма, како пензионерите да добијат веднаш во првата година зголемување на својата пензија, како да имаме јака борба против корупцијата. Ние нудиме повеќе мерки како ќе се справиме со корупцијата, но најважно од се е како секој еден граѓанин од Македонија да биде задоволен од економскиот стандард, од животот во Македонија, а не како СДСМ да ветуваат се и сешто, а да не бидат реални. Имаме огромна инфлација во државата и како ќе се справиме со тоа ние предвидуваме во нашата програма“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Не само Стопанските комори, туку речиси сите останати бизнис здруженија подготвија документи кои ќе им ги претстават на политичките партии и ќе побараат од нив, економијата да не остане само на листовите хартија од нивните предизборни говори. Бизнисот сака да добие приоритетност и сите економски политики и мерки да се носат во присуство и со амин од засегнатите страни.

араат сопствени решенија кои ќе бидат во нивни интерес“, велат од Стопанската комора.