Предлогот за зголемување на минималната плата на 600 евра предизвика нови несогласувања во опозицискиот политички блок. СДСМ ја обвини Левица дека не го поддржала предлогот во Собранието, откако пратениците на партијата не гласале за законското решение предложено од социјалдемократите.

Од СДСМ оценија дека со ваквиот потег Левица ги довела во прашање сопствените заложби за заштита на работничките права.

Од Левица, пак, за Телевизија 24 велат дека СДСМ во минатото повеќепати покажала дека ги застапува интересите на крупниот капитал. Од партијата појаснуваат дека, предложеното законско решение, зад кое стои партијата предводена од Венко Филипче, предвидувало трошоците за зголемување на платите на работниците да се покриваат со државни средства, наместо да бидат на товар на профитот што го остваруваат компаниите.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повторија ставот дека ќе поддржат решение за зголемување на минималната плата што ќе биде договорено меѓу синдикатите и работодавачите. Оттаму посочија дека актуелното зголемување на минималната плата произлегува од законско решение донесено во времето кога СДСМ беше на власт.

Политичките несогласувања околу минималната плата доаѓаат во период на поширока дебата за работничките права и условите за работа. Претходно, Стопанската комора предложи намалување на бројот на неработни верски празници од пет на два. Дополнително, беше предложено понеделник да не биде неработен ден кога државен празник се паѓа во недела, но и по појавување на членови на Левица на трибина на платформата во 12:05 која го повика Венко Филипче да поднесе оставка од претседателската функција во партијата….