Раст на цените на основните намирници и зголемување на инфлацијата – се дел од стравувањата за иднината на домаќинствата. 

Граѓаните велат во претпразничната атмосфера актуелни се купувањата за трпезата, додека скептицизмот се изразува за 2022 година.

Највисока инфлација во изминатите 13 години е забележана во септември, каде стапката порасна за 3, 4 проценти. Во ноември стапката на животните трошоци е зголемена повеќе од 4 проценти, за разлика од истиот месец минатата година. Аналитичарите за идната 2022 предвидуваат, коефициент на инфлацијата нема да надмине 2%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во ноември 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.7, додека индексот на цените на производите во малопродажба изнесува 100.3.

Забележан е пораст кај лебот и житата за 3.8 %, прехранбените производи за 2.9 %, сирењето  2.3 %, месото 2.1 %, маслото 1.9 % и шеќерот за 1.8 %.