Во изминатиот месец, светските берзи се зголемија за пет проценти, со предводници како германскиот индекс DAX и американскиот индекс на претежно технолошки компании NASDAQ каде индексите пораснаа по осум проценти на секоја од нив.

„Неделата на објавување на деловните резултати“ во вториот квартал од оваа година започна оваа недела. Меѓу првите, како и обично, беа пријавени од најголемите американски банки ЈП Морган, Ситигруп, Голдман Сакс и Велс Фарго.

Американските банки забележаа просечен пад на кредитирањето на домаќинствата од седум проценти во вториот квартал, додека сите бележат раст на инвестициското банкарство, како и на тргувањето, бидејќи инвеститорите исто така тргуваа повеќе заради зголемена нестабилност на пазарот во однос на истиот период лани. Ова доведе до повеќе брокерски провизии собрани во банките.

Како и да е, акциите на американскиот банкарски сектор остануваат на најниско ниво за четири години, во најголем дел како резултат на проекциите за намалување на дивидендите на оваа година и евидентирање на банкарските резерви за ублажување на идните негативни финансиски импликации на „Ковид-19“ за нивното работење.

Откако ќе се решат ризиците кои произлегуваат од пониската глобална побарувачка и претстојните проблеми со долговите на некои компании, акциите на овие американски банки повторно ќе се зајакнат, и до тогаш можеме повеќе или помалку да очекуваме нивните цени да се движат околу сегашното ниво.

Закрепнувањето исто така во голема мерка ќе зависи од закрепнувањето на кинеската економија. Таа се зголеми за 3,2% од година во година во вториот квартал од оваа година, значително подобра од рекордните 6,8 проценти контракција на кинеската економија во првото тримесечје од оваа година во однос на истиот период лани.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк