Преку соопштение на Македонска берза ТТК Банка АД Скопје ја известува јавноста дека г-н Глигорие Гоговски, Претседателот на Надзорниот одбор, се стекна со 1.000 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје.

Со својата нова инвестиција,  г-н Глигорие Гоговски се повеќе го зголемува својот влог во ТТК Банка АД Скопје, каде што вкупниот број на акции во моментов изнесува 907.888 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција изнесува 1.231,50 денари.