На Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) во Охрид, денеска ќе се одржи презентација и дегустација на локална храна.

Настанот ќе се одржи во холот на ФТУ од 12:00 часот, а е во организација на Slow Food Ohrid во соработка со Факултетот и на покана од општина Охрид.

– Ќе се презентира и дегустира локална храна приготвена од членовите на здружението. Настанот ќе го отвори градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, а Slow Food Ohrid ќе има кратка презентација за значењето на локалната храна. Потоа ќе бидат презентирани сите локални производители со готвење во живо пред присутните, информираат организаторите.

 

Оваа активност е дел од проектот „Купувај локално“ со кој се поддржуваат охридските локални производители да ги применат новите стандарди за промоција на своите производи со програмата за локален економски развој и со тоа да се доближат до купувачите и туристите.