Регионалниот центар на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија во Струмица, денеска, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, ќе го презентира Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации.

Презентацијата е дел од циклусот што веќе се одржува низ повеќе градови во земјата, а целта е јавноста и целните групи да се информираат за Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации, наменет за микро, мали и средни претпријатија од сите сектори.

Инструментот е наменет и за приватни здравствени установи кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие, установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност или ПЗУ.

Презентација на Инструментот за кофинансирани грантови во Струмица

Скопје, 24 април 2019 (МИА) – Регионалниот центар на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија во Струмица, денеска, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, ќе го презентира Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации.

(MIA)