Во Советот на Општина Велес денеска ќе биде презентиран вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво што го спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги, имплементиран од Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка.

Претставници на Проектот за подобрување на социјалните услуги, пред претставниците на општините, невладините и граѓанските организации и други заинтересирани страни од Вардарскиот плански регион, ќе ги презентираат роковите и постапката за идно аплицирање за грантовите.

Ќе стане збор и за бенефитите што ги нуди Проектот за развој на социјалните услуги во локалните заедници за да се поттикне интересот на општините од регионот да се јават на повикот.