Цените на природниот гас продолжуваат да уриваат рекорди секаде па и во Бугарија. Регулаторното тело за енергетика на Бугарија во саботата одобри цена на природниот гас од 133,41 лева/MWh. Тоа е е зголемување од 30% во однос на цената за декември. На почетокот на декември „Булгаргаз“ поднесе предлог за зголемување на цената за 14%, но потоа брзо стана јасно дека поскапувањето ќе биде далеку поголемо поради зголемената цена на природниот гас на меѓународните пазари.

И покрај сегашниот раст на цените, цената на природниот гас за бугарските потрошувачи останува за 35% пониска од цените на европските берзи на гас. Причината за тоа е во долгорочните договори на „Булгаргаз“ за набавка на руски и азербејџански гас.