NetWest започна со тримесечен пробен период за тестирање на кредитни картички преку отисоци од прсти на 150 клиенти, кои се вклучени во пилот проектот.

Банката претходно пилотираше биометриски дебитни картички, но сега за прв пат се издадени кредитни картички. Биометриските кредитни картички ќе понудат бесконтактно плаќање со користење на верификација на отпечатоци од прсти за трансакции до 100 фунти.

Картичкатата се напојува преку терминалот и кога купецот ќе ја допре картичката, зеленото светло на картичката означува дека отпечатокот од прсти се совпаѓа успешно.

Џорџина Булкели, директор за иновации во NatWest вели: „По успешното пилотирање на нашата биометриска дебитна картичка, сакаме дополнително да ја тестираме технологијата за кредитни картички. Ова е најголем развој на технологијата во картичките во последниве години и не само што отсуството на внесување код ја зголемува безбедноста, туку и на нашите клиенти им го олеснува плаќањето за стоки или услуги“.

NatWest соработува со MasterCard и дигиталната безбедносна фирма Gemalto за воведување услуги за корисниците во Велика Британија.