Ако купувањата на Tesla и MicroStrategy би можеле да го катапултираат биткоинот, што би се случило доколку поголемите играчи започнат да влегуваат на пазарот?

Откако Тесла неодамна купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари за својата „корпоративна ризница“, а не за некои шпекулативни истражувања или инвестиции во развој, оние што сè уште сметаат дека биткоинот е глупост, се покажаа за жал, дека се во грешка.

“Купувањето на Тесла поддржува нешто дури и подраматично од тоа што биткоинот е позициониран како легитимна замена за готовина за најголемите светски корпоративни, финансиски и владини институции. Овие ненадејни приливи на побарувачка, вклучително и неколку неодамнешни набавки на MicroStrategy, имаат огромно влијание врз цената на биткоинот и ќе ја видиме цената на биткоинот од над милион долари пред повеќето луѓе да ја разберат “, пишува за порталот Коиндеск Ник Батија, автор на книгата „Слоевитни пари: од злато и долари до биткоин и дигитални валути на Централната банка” (Layered Money: From Gold and Dollars to Bitcoin and Central Bank Digital Currencies) и вонреден професор по финансии и деловна економија на Универзитетот во Јужна Калифорнија.