Денеска на Македонската берза беа продадени 53.689 акции од Комерцијална банка во три блок-трансакции со вкупна вредност од 225,4 милиони денари или околу 3,6 милиони евра.

 

Акциите се продадоа по цена од 4.200 денари за акција.

Со денешните трансакции продолжува трендот на купи-продај блокови акции од банката кој започна откако големите странски акционери решија да ја напуштат Комерцијална банка, а нивните акции ги купија домашни компании.