Распродажба на државно земјоделско земјиште по цена од 30 денари до 60  денари од метар  квадратен во зависност од класата, како и можност за пренамена од земјоделско во градежно земјиште после 10 години овозможува предлог законот за продажба на земјоделско земјиште. 

На првата јавна расправа  по нацрт законот, министерот Аријанид Хоџа се соочи со барања на дел од земјоделските здруженија. Тие сметаат дека ваквото законско решеније е во полза на крупните феудалцино не и во интерес на малите земјоделци.

Други пак, побараа наместо 10 години претворањето од земјоделско во градежно земјиште да се прави после 20 до 30 години.

Ресорниот министер, Аријанид Хоџа го правдаше законот дека е добар за сите земјоделци, и не гледа проблем со претворањето од земјоделско во градежно земјиште.

По втор пат, министерот не знаеше да одговори на кои компании во моментов им е дадено земјоделско земјиште под закуп,  за колкава површина станува збор, на колку години и по која цена  посочувајќи одговорот да се бара согласно законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Според евиденцијата на Агенцијата за катастар на недвижности над 577 илјади хектари се класифицирани како обработливо земјиште од кои околу 240 илјади хектари е во давна сопственост со кој управува министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.