Уделот на продадени електрични возила во Европската унија се зголеми за повеќе од трипати во 2020 година, достигнувајќи 10,5 проценти за прв пат, последните податоци покажуваат дека иницијативите на ЕУ и земјите-членки за стимулирање на побарувачката за овие автомобили дадоа плод.

Скокот на продажбата на електрични возила, што претставуваше три проценти од продадените автомобили во 2019 година, укажува на тоа дека ослабува доминацијата на возилата со фосилни горива и дека целта на ЕУ за 35-40 проценти од електричните возила на пазарот до 2030 година ќе биде постигната , пренесува бриселскиот портал ЕУРАКТИВ.

Приклучните хибридни возила учествуваа со 11,9 проценти во 2020 година, а учеството на бензински возила падна на под 50 проценти.

ЕУ постави многу строги стандарди за емисии на стакленички гасови за да ги охрабри производителите на автомобили да преминат на „чисти“ возила. Според тие прописи, автомобилите мораат да испуштаат 37,5 проценти помалку јаглерод диоксид до 2030 година во споредба со 2021 година, а комбињата да имаат 31 процент помалку.