Управата за јавни приходи го продолжи рокот за поднесување на пријавата на данок за ДДВ (04) за уште два работни дена, односно до 27 октомври.

Од УЈП денеска соопштија дека причина за продолжувањето на рокот е отежнатото поднесување даночни пријави преку системот е-Даноци.

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата беше 25 октомври.