Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека ќе се продолжи рокот за аплицирање за субвенции до 30 јуни.

– Бидејќи сите институции дадоа позитивно мислење, очекуваме измената да биде усвоена на следната владина седница. Интересот кај земјоделците за аплицирање за субвенции е голем, особено кај сточарите кои побараа продолжување на рокот. Министерството секогаш излегува во пресрет на барањата на земјоделците. Измената на Програмата и Уредбата за финансиска поддршка во земјоделството е токму во нивен интерес, за да можат да ги поднесат своите апликации во рамки на новиот рок кој предлагаме да биде продолжен до 30 јуни – велат од МЗШВ.

На овој начин, според Министерството, ќе им се помогне на сите земјоделци кои не успеале да аплицираат согласно законскиот рок што истекува на 31 мај.

– Тие ќе добијат дополнително време од плус еден месец, период во кој ќе можат да ги подготват апликациите и навремено да аплицираат за да ја добијат финансиската поддршка која им ја дава државата. Очекуваме измената да биде усвоена, во интерес на земјоделците – наведува МЗШВ.