dollar 1На меѓународните девизни пазари продолжи закрепнувањето на девизниот курс на доларот во однос на кошницата валути, со изразита корекција во однос на еврото. Еврото во една ваква средина, падна на 1,1088 $, што значи пад за 0,5 проценти во однос на претходниот ден.

Во втората половина на април доларот, со големи флуктуации, ослабе повеќе од шест проценти во однос на еврото, бидејќи се појавија сомневања во врска со темпото на раст на американската економија. Ова е првата значајна промена во трендот на пораст на доларот на кој сме сведоци во последната година.

Со тоа малку се нарушени предвидувањата на големите банки, според кои доларот треба да се доближи до паритет со еврото за прв пат од 2002 година, но многу аналитичари се уште моменталниот пад на доларот го сметаат за привремен.

“Забележавме голема корекција. Оваа ситуација укажува на тоа дека на пазарите наголемо се дискутира за временската рамка во која ФЕД би можеле да почнат да ги зголемуваат каматните стапки. Првиот квартал на американската економија е многу разочарувачки, а сега треба да се види до кој степен за тоа се одговорни временски услови и привремени фактори “, изјави Jane Foley, валутна аналитичарка на Rabobank во Лондон.

Нови насоки на инвеститорите треба да им дадат новиот сет на економски показатели од САД, а особено клучниот извештај за вработувањето, кои ќе бидат објавени во петок.