Продолжуваат „игрите со акции“ на Комерцијална банка, овој пат, од Комерцијална банка АД Скопје се купени 13.500 акции во два блока на трансакции извршени преку Македонска берза.

Првиот пакет на 9000 акции од Комерцијална банка АД Скопје е откупен по цена од 2500 денари по акција што претставува вложување од околу 365 илјади евра или 22,5 милиони денари. Станува збор за откуп на обични акции со право на глас кои претставуваат 0,39% од основната главнина на друштвото.

Во вториот пакет на акции, преку блок трансакции преземени се вкупно 4500 акции на Комерцијална банка АД Скопје исто така по поединечна вредност од 2500 денари за една акција. Тука вкупната вредност изнесува 182 илјади евра или поточно 11,2 милиони денари. Овој пакет на акции претставува 2,20% од основната главниа на Комерцијална банка АД Скопје.

 

29.01.2018    11:12