Во текот на септември 2020 година продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, соопшти Народната банка.

Според податоците на Банката, минатиот месец просечната каматна стапка на вкупните кредити е сведена на ниво од 4,7 проценти.

Од друга страна, просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,98 проценти, информира Народната банка.