Агенцијата за млади и спорт со поддршка на партнерите Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Програмата за развој на ОН (УНДП) продолжува со консултации и јавни дискусии за Националната стратегија за млади 2023-2027.

Агенцијата за млади и спорт со поддршка на партнерите Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Програмата за развој на ОН (УНДП) продолжува со консултации и јавни дискусии за Националната стратегија за млади 2023-2027 кои ќе се спроведуваат на локално ниво во неколку општини.

Консултации и јавни дискусии за Националната стратегија за млади денеска ќе бидат одржани во Штип и во Битола, на 7 март во Велес и Куманово, на 9 март во Струга, следниот ден во Гостивар и во Струмица, а на 13 март во Делчево.

На овие консултативни настани поканети се сите заинтересирани млади, претставници на формите на младинско организирање, средношколци, студенти и други групи на млади кои сакаат да дадат придонес и да учествуваат во креирањето на новата Национална стратегија за млади, чија цел е подобрување на социоекономската положба на младите и создавање средина која ќе им овозможи на младите да ги остварат своите права, потреби и интереси.

На консултациите, како што информира Агенцијата за млади и спорт, ќе присуствуваат експерти кои работат на подготовка на стратегијата, претставници на институции и меѓународни организации, како и претставници од формите на младинско организирање.