saudi_1880139bЦените на нафтата се приближија на нивото од 48 долари, откако Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) прогнозира силна глобална побарувачка следната година.

На лондонскиот пазар цената на нафтата се зголеми 53 центи во однос на претходното затворање и изнесува 47,95 $. На американскиот пазар цената се зголеми за 36 центи и се тргуваше за 44,65 $.

Нафтените пазари ги охрабри изјавата на генералниот секретар на ОПЕК Абдулах ал-Бадри дека очекуваат подобра рамнотежа на пазарот во 2016 година, затоа што побарувачката продолжува да расте.

“Сметаме дека ќе продолжи здравиот раст на глобалната побарувачка на нафта. Понудата од земјите надвор од ОПЕК ќе се намали и за возврат ќе се зголеми побарувачката за нафтата на ОПЕК”, рече Ал-Бадри во говорот објавен на интернет страницата на ОПЕК.

ОПЕК на 4 декември ќе одржи редовен состанок за да разговараат за производствената стратегија, во насока на зачувување на уделот на пазарот од нападот на американската конкуренција на сметка на цената. Пазарните набљудувачи не очекуваат значајни промени, што го ограничува зголемувањето на цените и ја поддржува загриженоста за прекумерната понуда.

“Тешко дека цените значително ќе закрепнат доколку се претпоставува дека на состанокот ОПЕК ќе одлучи да го задржи производството на сегашното ниво. Сите промени без потпора од фундаментите ќе бидат ограничени особено растот”.

Од друга страна се новите кинески трговски податоци, за кој аналитичарите оценуваат дека се разочарувачки иако искажуваат рекорден суфицит во октомври, од 61,64 милијарди долари.