Вработените во компаниите кои се занимаваат со компјутерско програмирање, стручните и научни дејности, фармацијата, воздухопловниот транспорт и финансиската дејност и во октомври ги имаа највисоките плати, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според овие податоци, во октомври просечната плата била 29.145 денари или е зголемена за 4,5 отсто во однос на истиот месец лани.

Програмерите во октомври просечно заработувале по 73.540 денари месечно, што е за  8,4 отсто повеќе од просекот во октомври лани. Вработените во стручните и научни дејности заработувале по 49.352 денари, зголемување за 19,3%, фармација-производство – 47.933 денари или + 1,7%. Во воздухопловниот транспорт во октомври просечната плата била 45.656 денари или зголемување за 8,4% во однос на октомври лани и во финансиската дејност во октомври просечната плата била 44.995 денари или помали плати за 2,3% во однос на октомври 2020 година.