Сабота е пазарен ден во Струмица, но поради спречување на ширење на заразата од корна вирусот пазарот е затворен.

  • Ова е проблем за раноградинарите кои тврдат дека нема пласман за лутата пиперка и пролетната зелка – првите раноградинарски производи.

Откажани порачки и намалување на договорните количини се секојдневие за струмичките откупувачи. Четири откупни пункта во струмичкиот регион потврдија дека партнерите од земјите од регионот ги намалиле или откажале порачките поради затворените пазари.

Од министерството за земјоделство велат дека е олеснет транспортот на земјоделските производи, а за полесна комуникација помеѓу производителите и трговците поставен е банер на веб страницата на МЗШВ кој води до апликација под името Понуда – Побарувачка. Оваа апликација треба да помогне во услови кога не функционираат пазарите.

 

Извор:  Телма