Замрзнатите цени ќе ги турнат во загуби производителите, а ќе се намали и испораката во маркетите.

Пристигнаа првите реакции  по изјавите дека се прават анализи да се замрзнат цените на тестенините,  но и на млекото и млечните  производи.

Велат дека поевтинување кај кашкавалот, сирењето,  урдата има и тоа од речиси 20 отсто, а намалена е и цената на  млекото.

Ако дојде до замрзнување, штетите ќе бидат сериозни и за да се покријат производителите ќе мора да се задолжат.

Ние како производители очекуваме дека нема да дојде до замрзнување на цените и намалување на моменталните цени на  рафтовите. Ако дојде до тоа нема да може да го издржиме,  зошто цената на  суровината не е стабилна, ќе мора да се задолжиме со кредити и позајмици“ – вели Марина Манева, производителката на млеко и млечни производи.

И увозниците на тестенини вчера за Телма соопштија  дека ако дојде до замрзнување на цената,  ќе  бидат принудени да испорачуваат помали количини во маркетите.

Сметаат дека државата не треба да се меша во работата на стопанството.

Цената на маслото за јадење нема план да се замрзне, но се очекува да се продава  под 100 денари за литар.

Дел од производителите  за Телма соопштија дека тие веќе го сториле тоа и во маркетите  има масло по таа цена.

„Јас ја слушнав таа изјава и мислам  дека  цената на маслото ако може да приметите и по маркетите и нашатата фабричка цена е под 100 денари за литар. Се движи некаде околу   95 или 96 денари. Околу 50 до 60 отсто е намалена  во однос  на минатата година. Нема да има скокови на цената на маслото во следниот  период,  затоа што берзите се смирени веќе 15 дена цената е стабилна. Мислам дека со пролетта ќе има мало покачување на цената“ – вели Горан Лазов од „Кристал“.

Министерот  Бектеши соопшти дека до крајот  на  неделава ќе се донесе одлука за замрзнување на цените  на тестенините.

Со тоа намалувањето  би били минимум 10 отсто. А се анализира и дали да се замрзне и на млекото и млечните производи. Претходно тоа се направи и со цената  на белиотт и полубелиот леб.

Но, се донесе и одлука да се укине субвенционираната струја, затоа што анализите на надлежните покажале дека над 70 отсто од фирмите кои ја користат не ги поевтинија произвдоите.

Експертите  се за мерки  со кои би се намалиле цените, но оценуваат дека со замрзнувањето  многу се доцни.

И додека се прават  калкулации кои цени да се замрзнат и како пазарењето да биде поевтино, потрошувачката кошница  и инфлацијата никако да се намалат. Според ССМ,  во февруари на едно четиричлено семејство му се потребни над 50 илјади денари за да ги покрие  основните трошоци за живот,  повеќе од една минимална плата  се троши само на храна. А статистика измери повторно двоцифрена инфлација