На 28 мај во ресторанот Ragusa Rooftop 360 со почеток од 10:00ч ќе се одржи конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото под слоганот „Круг на нови можности“, во организација на ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Како дел од новите програми за поддршка, Youth in Business и Women in Business, оваа конференција претставува прв од низата најавени настани за размена на искуства и вмрежување на овие две групи претприемачи, во рамки на мисијата за поддршка на локалните бизниси и промоција на претприемништвото во Македонија.

На настанот своите приказни ќе ги споделат истакнати и успешни претприемачи од локалната заедница, Ирена Јакимовска, сопственик и управител на Comfy Angel и Нино Карас, ко-основач на Codewell AI, а ќе се одржи и панел дискусија „Претприемништво – Од предизвици до можности“ во која ќе учествуваат Петар Ниновски, CEO на Brainster и Основач на Brainster Next Колеџ; Ангела Настевска, внатрешен консултант на Кентаур Импекс; Билјана Менкиноска, менаџер на El Mundo; и Маја Столевска Костадинова, Менаџер на националната програма за советување на бизниси при ЕБОР.

Во рамки на конференцијата присутните ќе имаат можност да се запознаат со финансиските поволности за жени претприемачи и млади претприемачи кои се дел од новите бизнис пакети на ПроКредит банка.

Повеќе детали за агендата на следниот линк.

Местата за конференцијата „Круг на нови можности“ се ограничени. Заинтересираните може да се пријават на отворениот повик кој е достапен на следниот линк.