Новата промотивна понуда на ПроКредит Банка за штедење на FlexSave штедна сметка им овозможува на граѓаните 100% флексибилен начин на штедење со камата по видување. Оваа штедна сметка е одличен начин на креирање навика за редовно штедење и постепено кумулирање на заштеда за сите оние кои не сакаат да се обврзуваат на долги рокови и орочување. 

 

За отворање на ProCredit FlexSave не е потребен минимален влог, а корисниците може да дополнуваат или повлекуваат средства неограничен број пати во текот на месецот без дополнителни трошоци. Дополнително, сите корисници имаат пристап до своите заштеди 24/7 преку е-банкарство. Тие може да повлекуваат или дополнуваат средства и за време на празници, неработни денови или викенди без потреба да дојдат во банка и да чекаат ред.

 

Оваа штедна сметка може да биде отворена во денари или евра со годишна каматна стапка од 1%. Каматата се пресметува на дневно ниво, а се исплатува еднаш месечно.

 

Овој тип на штедење е карактеристичен за западно-европските земји, каде корисниците ја ценат можноста за флексибилност и достапност до своите заштеди во секое време истовремено користејќи каматна стапка по видување. ПроКредит Банка како единствена Германска Банка на пазарот, го следи овој тренд и на своите клиенти им нуди модерно банкарство, флексибилност и сугрност за нивните заштеди.

За повеќе информации на  официјалната веб страна на банката .