Доколку се идентификувате со целите и етичките вредности на ПроКредит Банка, сте амбициозни и посветени индивидуи кои што сакаат да се надоградуваат во повеќе области, аплицирајте за Советник за продажба.
ПроКредит Банка објавува оглас за вработување на
Советник за продажба во Контакт Центар
Потребни вештини/знаење:
- Завршено високо образование од областа на економијата или друго високо образование;
- Работно искуство во продажба со бизнис клиенти од минимум 3 години;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Способност за индивидуалнo и самостојно извршување на работните задачи, како и способност за самостојно донесување на одлуки;
- Аналитички способности;
- Нето плата: од 30.000,00 денари
Аплицирајте со испраќање на кратка биографија и мотивационо писмо, не подоцна од 24.06.2018 година.
Вашата апликација треба јасно да покаже, зошто токму Вие одговарате за оваа работа. Во делот за мотивациско писмо наведете ги Вашите амбиции за аплицирање. Дополнително во мотивациското писмо истакнете што е она што ви оставило впечаток во релација со содржината од нашата меѓународна веб страна (www.procredit-holding.com) и веб страната на нашата банка (www.procreditbank.com.mk).
Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.
Бидете информирани дека само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани и поканети во следните фази на регрутирање.
Процесот на избор на кандидат, ќе се изврши во рок од 90 дена по истекот на рокот за пријавување.