ПроКредит банка за своите потреби објавува

Оглас за вработување на советник за клиенти – физички лица 

Потребни вештини:

• Високо образование одобласта на економијата или друго високо образование
• Минимум 3 години работно искуство во област на продажба или комуникација со клиенти (физички лица)
• Предност ќе имаат кандидати кои што имаат искуство во работа со физички лица во продажба на финансиски услуги
• Одлично познавање на Англиски јазик
• Способност за динамична работа
• Способност за индивидуалнo и самостојно извршување на работните задачи
• Способност за самостојно донесување на одлуки
• Способност за комуникација и спремност за тимска работа

Испратете кратка биографија и мотивационо писмо на следнава емаил адреса [email protected] ,не подоцна од 10.05.2018 година.

Вашата апликација треба јасно да покаже, зошто токму Вие одговарате за оваа работа. Во делот за мотивациско писмо наведете ги Вашите амбиции за аплицирање. Дополнително во мотивациското писмо истакнете што е она што ви оставило впечаток во релација со содржината од нашата меѓународна веб страна (www.procredit-holding.com) и веб страната на нашата банка (www.procreditbank.com.mk). Почетна плата: 30.000,00 денари.

Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.

Бидете информирани дека само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани и поканети во следните фази на регрутирање. Процесот на избор на кандидат, ќе се изврши во рок од 90 дена по истекот на рокот за пријавување.

Бидете ПРОактивен советник за клиенти во ПроКредит Банка и работете во модерна дигитална банка!