ПроКредит Банка ја отвори новата и модернизирана филијала во Гостивар, со што ја продолжи иницијатива за збогатување на својата мрежа, во чии рамки оваа година ќе се отворат нови локации, а некои од постоечките филијали ќе бидат реновирани и модернизирани.

Целта на иницијативата е унапредување на персонализираното искуство на клиентите и достапноста на услугите од стручните лица на банката. Ова не само што им користи на клиентите, туку придонесува и за попродуктивна и поудобна работна средина за вработените, поттикнувајќи поголема ефикасност и задоволство од работата во банката.

Реновираната филијала на ул. Браќа Гиноски бб, спроти зградата на општина Гостивар, освен нов изглед и модерен дизајн, на клиентите им нуди и нови услуги, како и тим од посветени професионалци кои се тука да споделат стручни финансиски насоки, поддршка и брза услуга за сите нивни банкарски потреби.

„Во ПроКредит Банка, пред сè им даваме приоритет на удобноста и задоволството на нашите клиенти. Модернизацијата на филијалата во Гостивар ја нагласува нашата посветеност на обезбедување беспрекорни банкарски искуства прилагодени на различните потреби на локалната заедница“, велат од банката.

Во рамки на реновираната филијала клиентите ќе имаат пристап и до сите дигитални услуги во новата модерна 24/7 зона опремена со најсовремени банкомати коишто нудат можности за внесување на дневен промет, како и уплата и исплата на денари и евра. За бизнисите кои имаат поголем дневен промет истиот можат да го депонираат во кое било време во drop box сефот за дневен промет.

Модернизираната 24/7 Зона им овозможува на клиентите во кое било време да си ги завршат своите банкарски обврски практично и ефикасно, без ограничувањата на традиционалните работни часови и без чекање ред за шалтер.

„Дигиталните иновации се дел од нашата корпоративна култура, како што е и посветеноста на унапредувањето на банкарското искуство за нашите клиенти. Воведувањето на нашата модернизирана 24/7 Зона ни помага да обезбедиме достапни, технолошки напредни решенија кои се усогласуваат со современите потреби на клиентите“, објаснуваат од ПроКредит Банка.

Од банката додаваат дека до крајот на оваа година се планирани реновирања, релокации и модернизирања на постоечките филијали, но и отворање на нови, сѐ со цел да се подобри целокупното офлајн корисничко искуство на клиентите.

Повеќе информации за функционалностите на 24/7 Зоните на ПроКредит Банка се достапни на ProCredit Bank – Зона 24/7 (pcb.mk)