ПроКредит Банка останува единствената банка во Македонија која на годишна основа е оценувана од меѓународната кредитна агенција Fitch Ratings, која е светски лидер во оценување на кредитниот рејтинг на финансиските институции.

Со рејтинг БББ- ПроКредит Банка Македонија и оваа година го потврдува стабилното работење на банката, покажувајќи дека анализираните ризици се соодветно менаџирани и се на ниско ниво.

ПроКредит веќе 20 години работи под принципот одговорно банкарство. Ова значи дека прави темелна проценка на ризиците, особено во сегментот на кредитирање, и става фокус на безбедноста и долгорочниот бизнис модел, наместо на краткорочни профити. Според Fitch Ratings, стабилноста на кредитниот рејтинг на ПроКредит е резултат од овие уникатни практики и корпоративна култура.

Што значи Fitch Rating?

Fitch ratings и сличните агенции како неа и помага на јавноста да се информира за финансиската стабилност на банките со цел да донесат добри финансиски одлуки. Се работи за проценка на банките дали се во можност да си ги извршат сите побарувања и дали менаџирањето на ризиците е на соодветно ниво. Стабилниот рејтинг може да биде пресуден во одлуката при избор на банка на нови клиенти како и гаранција за квалитет и потврда за направен добар избор на веќе постоечките клиенти.