Според податоците што ги објави Македонската берза за минатата 2023 година, вкупниот промет изнесувал 4.617.690.497 денари (75 милиони евра) и бил намален за 37,97 отсто во однос на претходната година.

Класичното тргување изнесувало 2.890.397.724 денари и било намалено за 37,61 отсто во однос на претходната година, кога изнесувало 4.632.839.043 денари. Во класичното тргување, истргувани се акции во вредност од 2.688.085.959 денари и обврзници во вредност од 183.803.265 денари.

Блок-трансакциите во 2023 година изнесувале 1.727.292.773 денари и биле намалени за 26,92 отсто во однос на претходната година.

Бројот на трансакции во 2023 изнесувал 11.978 и бил намален за 30,66 отсто во однос на претходната година, кога изнесувал 17.274.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за 2023 година се оние на Комерцијална банка АД Скопје, следува Алкалоид АД Скопје, а третото место го зазема НЛБ Банка АД Скопје.

Преку 2.106 трансакции се направени со акциите на нашата најуспешна фармацевтска компанија со вкупен промет од 513.461.944 денари – 8.340.537 евра. Акцијата на „Алкалоид“ е со номинална вредност од 25,56 евра, а издадени се 1.431.353 акции. Низ фазите на тргување лани била постигната максимална цена од 18.500, минимална од 17.199 и просечна цена од 17.781,93 денари. Пазарната капитализација е 25.985.569.606 денари, што е противвредност на 422,4 милиони евра.