Во организација на Вестминстерската фондација за демократија денеска во хотелот Александар Палас ќе се одржи промоција на истражување за социо-политичко учество на младите.

На настанот ќе бидат презентираат наодите од последната телефонска анкета за социо-политичко учество на младите, спроведена на репрезентативен примерок во декември 2022. Анкетата покажува дека половина од младите луѓе манифестираат иницијативност за решавање на општествени проблеми. Третина од нив сметаат дека сме подалеку до влезот во ЕУ во однос на минатата година, додека половина ретко или никогаш не ги следат политичките настани и случувања во земјата.

Покрај овие податоци, резултатите од истражувањето ги покажуваат најновите позиции на младите во поглед на учеството, позицијата во општеството, иднината на земјата, институциите, миграциите, пандемијата и толеранцијата. По презентацијата на наодите ќе следи дискусија со истакнати млади активисти и премиерот Димитар Ковачевски.