Националната „Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023“ денеска ќе биде промовирана во Клубот на пратениците во Скопје.

На  промоцијата ќе биде презентиран резултатот од повеќемесечната работа на државните институции кои заеднички вложија огромен труд да произведат стратегија која ќе претставува водилка во борбата со корупцијата и криминалот и основа за развивање на институционалните капацитети коишто учествуваат во процесот на финансиски истраги и конфискација на имот произлезен од кривични дела.

На промоцијата ќе се обрати заменик претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој ќе ги претстави планираните активности на МВР вметнати во Националната стратегија, кои имаат многу важна улога во националниот систем, посебно во сегментот на финансиски истраги кои се задача на правосудната полиција и се основата за вршење успешна конфискација на имот.

Бидејќи процесот на истражување и конфискација е комплексен и вклучува повеќе тела од државната власт, презентации на клучните сегменти од Националната стратегија ќе одржи и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Според агендата, презентација на акциските планови кои се дел од Националната стратегија ќе имаат и директорката на Управа за јавни приходи, Сања Лукаревска, директорот на Управа за финансиска полиција, Арафат Муареми и директорот на Управа за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов