Таа е најстарата банка во светот – и моментално најголемиот товар во економската политика на Италија: „Monte dei Paschi di Siena“ (MPS). Сега стана јасно дека долго планираната продажба на национализираната банка на ривалот „UniСredit“ не успеа. Преговорите се прекинати и нема да продолжат, соопштија од „UniСredit“ и Министерството за економија.

Според извор близок до преговорите, значително различните идеи за финансиските аспекти на зделката довеле до неуспех.

Премиерот Марио Драги треба да ја продаде традиционално богатата банка, спасена од државата во 2017-та година за 5,4 милијарди евра, до средината на 2022-ра година, согласно договорот со ЕУ. Дополнително, владата треба да добие одобрение од Брисел за да може да испумпува повеќе пари во проблематичната банка без сценарио за напуштање на државата од „МВЅ“.

„Reuters“ во саботата објави дека разговорите биле пред неуспех. Причината е спорот околу скапата докапитализација на „MPS“, велат извори за агенцијата. „UniСredit“ побара од државата да придонесе уште 6,3 милијарди евра за „Monte Paschi“ во поглед на неопходните прилагодувања во извештаите.

Сепак, Министерството за финансии повеќето од овие прилагодувања ги сметаше за неоправдани. Дополнително, „UniСredit“ ги проценува деловите на „MPS“ што сака да ги купи на само 1,3 милијарди евра. Сепак, Министерството за финансии очекуваше 3,6 до 4,8 милијарди евра. Така, барањата на „UniСredit“ ќе ја попречат целта на владата да не ја продава „MPS“ под цената. „Unicredit“ не ја коментираше информацијата.

Владата сега може да работи на „план Б“.

„Во моментов, договор не е можен според условите на „UniCredit“. Но, истата рамка што му беше предложена на Уникредит може да се примени и на „самостојниот“ план, објасни извор запознаен со плановите.

Владата веќе ги истражи можните придобивки од независноста на „MPS“, во која Министерството за финансии ќе спроведе делови од мерките кои исто така му беа предложени на „UniCredit“ – вклучително и зголемување на капиталот од неколку милијарди евра. Владата најверојатно ќе го реорганизира менаџментот во „Monte Paschi“ и ќе ги префрли лошите заеми од MPS на државната компанија „AMCO“.

Италија ја спаси најстарата банка во светот од банкрот во 2017-та година за 5,4 милијарди евра и оттогаш држи 64 отсто од акциите. Владата долго време го сметаше спојувањето со посилен партнер како најдобро решение за тосканската банка.

Генералниот директорат на Европската комисија (DG-COMP) го има последниот збор за судбината на банката. Таа инсистира на план за продажба на „Monte“ до крајот на декември. Можно е да се зголеми терминот. Според упатени лица, малку е веројатно дека раководството ќе се откаже од потрагата по купувач.