Експертите оваа ситуација ја споредуваат со воведот во Големата финансиска криза во 2007 и 2008 година кога во пресрет на глобалниот финансиски колапс пропаднаа две големи американски банки, „Беар Стернс“ и „Вашингтон мјутуал“. Овие банки имаа слични големини на капитал како и сега веќе затворената банка во Силиконската долина

Американските регулатори ја затворија банката во Силиконската долина (СВБ) позната и како банка на технолошките стартапи и ја презедоа контролата врз депозитите на нејзините клиенти што е најголемиот неуспех на една американска банка од 2008 година.

Банката тргна во надолна линија откако нејзините клиенти, главно работници во ИТ-секторот и компании со ризичен капитал, почнаа да ги повлекуваат своите пари.

Падот на банката од Силиконската долина делумно се должи на агресивното зголемување на каматните стапки на Федералните резерви во изминатата година. По долгогодишните каматни стапки кои се движеа околу нулата, централната банка минатата пролет започна серија зголемувања на каматните стапки за да го поскапи задолжувањето за бизнисите и поединците – начин за изедначување на инфлацијата.

Независната владина агенција која ги осигурува банкарските депозити и ги надгледува финансиските институции (ФДИЦ), во петокот нареди затворање на банката на непоределен рок, смирувајќи дека осигураните депозити ќе бидат достапни заклучно идната недела во понеделеник наутро. Додаде дека ќе исплати авансна дивиденда во текот на следната недела на неосигурените штедачи.

Заклучно со декември, СВБ поседувала вкупен капитал во висина од 209 милијарди долари и депозити во вредност од 175,4 милијарди долари.

Експертите оваа ситуација ја споредуваат со воведот во Големата финансиска криза во 2007 и 2008 година кога во пресрет на глобалниот финансиски колапс пропаднаа две големи американски банки, „Беар Стернс“ и „Вашингтон мјутуал“. Овие банки имаа слични големини на капитал како и СВБ.