Промарк Енерџи Дооел“ Скопје е првиот инвеститор кој беше прогласен за стратешки , а на кој во меѓувреме таквиот статус му е избришан од Владата. Ваквата одлука била донесена на владината седница на 25 ноември.

Владата „Промарк Енерџи“ го прогласи за стратешки инвеститор во последните денови од минатата година. Проектот „Фотоволтаични електрани во Јамуларци и Скандалци се со вкупен капацитет од 280 мегевати, а вредноста на инвестицијата изнесува 184 милиони евра“,соопштија од Владата.

„Со оваа одлука проектот “Фотоволтаични електрани во КО Јамуларци и КО Скандалци” на правното лице Друштво за производство и промет со електрична енергија од обновливи извори ПРОМАРК ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.1737 32/дп2, Скопје, со EMБС 7544448 и ЕДБ 4080021601592, поднесен со Барање за добивање на статyс на стратешки инвестиционен проект со бр. 02-1167/15 од 15.11.2021 година, по објавен јавен повик на 31.1.2021 гoдина, се утврдува со статус на стратешки инвестиционен проект“, гласи официјалната одлука на 28 декември 2021.

Од претходните медиумски информации, компанијата е регистирана на 20 октомври 2021 година или пред само два месеци. Основачкиот капитал изнесува минимални 5 000 евра. Газда на фирмата е едно лице, со место на живеење во Република Турција. Тој е воедно и управител на фирмата која треба да вложи 184 милиони евра во фотоволтаици. Неговото име и презиме, според податоците доставени во Централниот регистар, е Мехмет Нежат и живее во Анкара. Меѓу податоците кои ги приложил пред домашните институции е дека станува збор за дипломиран инженер архитект за индустриски дизајн.

Целиот текст тука.