Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 58.967 денари. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава изнесувала 39.276 и во однос на февруари минатата година е повисока за 16,5 отсто.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.9 проценти), административни и помошни услужни дејности (22,5 проценти) и уметност, забава и рекреација (20,4 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: транспорт и складирање (10,1 процент), рударство и вадење на камен (7,2 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство (6,3 проценти).