Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, изнесува 104.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (11,7%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (10,1%) и Информации и комуникации (10,1%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,5%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2,1%) и Други услужни дејности (2,0%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2021 година, изнесува 29.145 денари.