Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Босна и Херцеговина во октомври изнесува 1.285 конвертабилни марки, односно околу 656 евра и номинално е повисока за 1,6 отсто, а реално за 1,5 отсто во однос на претходниот месец.
Во однос на октомври минатата година, просечната плата е номинално повисока за 11,1 отсто, додека реалниот индекс е повисок за 8,8 отсто, објави Агенцијата за статистика на БиХ.

Во областа на информации и комуникации, нето-платата исплатена во октомври изнесува 1.854 KM, во финансиски и осигурителни дејности 1.832 KM, а во производство и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 1.792 KM.

Во угостителството просечната плата е 841 км, во градежништвото 972 км, а во трговијата на големо и мало и поправка на моторни возила и мотоцикли 996 км.