Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2023 година изнесувала 33.943 денари, соопшти преку својот редовен статистички сервис, денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со истот месец лани, просечната нето-плата во земјава се зголемила за 13,2 отсто, што е историски едно од највисоките покачувања на просечната плата за една година.