Каде може да се купува со ДОМАШНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА – Се проширува листата на продавници во кои може да се плаќа со ДОМАШНАТА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА.

Новите дејности кои беа додадени се: продавниците за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги и продавници за мебел, осветлување, производи за домаќинства.

Уредбата за домашната платежна картичка вчера беше дополнета и сега граѓаните со домашната платежна картичка може да купуваат домашни производи и услуги во:

Хотели, одмаралишта, кампови и други објекти за сместување
Tуристички агенции и оператори
Ресторани, достава и подготовка на храна и пијалоци
Супермаркети
Продавници за храна, пиљари, пекари

Mебел, осветлување, производи за домаќинства
Книжарници и продавници за книги
Спортска опрема
Продавници за облека, обувки, предмети од кожа

Аптеки
Фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности

Бирајте ги производите со “Купувам домашно” ?? кое ќе биде назначено на гондолата, рафтот, производот, лифлетот во продавниците…бидејќи кога купувате МАКЕДОНСКИ производи и услуги, придонесувате за зачувување на работните места на сите наши сограѓани кои работат во производство или услужна дејност.

#КупувамДомашно, #КупувамМАКЕДОНСКО.

Што претставува промет од македонски производи во фискалните сметки?

Производи на кои декларација стои “Произведено во: Република Северна Македонија”
Македонските услуги извршени од компании и вршители на дејност

Иако пред една деценија во фискалните сметки е додадено искажувањето “промет од македонски производи” истото до сега не беше јасно разграничено или дефинирано.

Поради ова со право се јавија дилеми, како кај производителите и продавачите така и кај граѓаните!

Правилникот кој ги дефинира сите аспекти на фискалните сметки и систем беше дополнет со нов член и истиот е објавен во Службен весник на 20ти јуни.

Промет од македонски производи е промет кој во фискалниот систем на опрема се евидентира како промет на добра на кои во декларацијата согласно Законот за заштита на потрошувачите е наведено дека се произведени на територијата на Република Северна Македонија, како и услугите извршени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија.”

Изминатата недела заедно со Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат, УЈП и Царинската управа работевме на дефинирање со цел лесна и едноставна примена.

Остваривме и состанок и со претставниците на продавниците и храна и супермаркетите во Economic Chamber of Macedonia Стопанска комора на Македонија со цел дискусија за предлог решението пред неговото финално објавување.

Сега сите продавници, маркети и засегнати ќе може јасно да ги разграничат производите.

Корисниците на МојДДВ МојДДВ #МојаНаграда добиваат 20% поврат на ДДВ на македонските производи и услуги, а сите корисници на домашни платежни картички слободно ќе може да плаќаат домашни производи.

Оваа криза е можност да средиме и разјасниме многу прашања и да направиме многу работи подобри.

Да го препознаваме домашното и да купуваме домашни производи. Извор фејсбук страница Нина Ангеловска.