„Стоп за рудници“, „Стоп за рудникот на смртта“ порачаа младите на денешниот протестен марш низ општина Босилово како одговор на намерата за отворање на рудникот „Иловица-Штука“ на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ на планината Огражден. Под мотото „Глас за чиста животна средина, глас за здрава иднина, глас против рудниците на смртта“ ги повикаа политичарите да донесат одлука што ја ветиле и во интерес е на граѓаните.