rusija naftaЦените на нафтата во вторникот на меѓународните пазари паднаа под нивото од 39 долари, откако Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ја пригуши надежта за скоро намалување на глобалната понуда.

На лондонскиот пазар цената на суровата нафта падна за 92 центи на 38,61 $. На американскиот пазар се тргува за 83 центи пониска цена, од 36,35 $.

Пазарите се притиснати од проценката на ОПЕК дека побарувачката за нафта оваа година ќе биде помала отколку што се очекуваше, бидејќи понудата на конкурентите се покажа отпорна на ниските цени, што резултира со вишок на пазарот.

Како би ја намалиле понудата, Саудиска Арабија и Русија, двата водечки светски извозници, заедно со Катар и Венецуела и другите големи производители предложија замрзнување на производството на нивото на јануари.

Дури и со предложеното замрзнување, понудата ја надминува побарувачката за повеќе од еден милион барели дневно.

Аналитичарите го издвојуваат зголемувањето на иранското производство по укинувањето на санкциите, на околу 3,1 милиони барели дневно, од близу еден милион барели дневно во јануари.