Првиот блок на РЕК битола од вчера во 22 цасот не работи и е исклучен од мрежа. 

Оваа информација пред малку на брифинг со новинарите ја соопшти првиот цовек на МЕПСО, Орхан Муртезани.

МЕПСО добила информација дека исклучувањето е планско, но засега не се знае кога ќе биде вратен во мрежа.

Во неделата АД ЕСМ информираше дека термоелектраната Осломеј е исклучена од производство поради проблем со еден од вентилаторите во делот на отпепелувањето, што доведе до самозапалување на помала количина несогорен јаглен и пепел.