Првиот примерок од електричниот модел Ferrari Luce, со шасија број 0, достигна неверојатна аукција – дури 34,6 милиони евра.

Иако редовната цена на моделот е околу 553.000 евра, организаторите очекувале првиот примерок да достигне најмногу околу 1,3 милиони евра. Крајниот резултат ги надмина сите проценки.

Името на купувачот не е откриено. Во јавноста се појавија различни шпекулации, меѓу кои дека автомобилот можеби ќе заврши во колекцијата на познат автомобилски колекционер или кај директор на голема технолошка компанија.

Ексклузивниот Luce има уникатна мат боја која под различно осветлување ја менува нијансата од зелена кон виолетова, додека и ентериерот е специјално уреден.

Аукциската цена претставува огромен скок во однос на редовната вредност на моделот и може дополнително да го зголеми интересот за првиот електричен автомобил на италијанскиот бренд.