Во согласност со големиот технолошки напредок, луѓето за сè повеќе професии и работни места што ги извршуваат, ги добиваат своите неживи замени, во форма на компјутерски генерирани личности или, како што некои би ги нарекле, роботи. Затоа, немојте да се изненадите ако се покаже дека еден од вашите омилени инфлуенсери на Инстаграм е всушност робот.

Тековната епидемија, која го зафати целиот свет и ја ограничи активноста на „живите“ инфуенсери, ги принуди компаниите да користат роботи-инфлуенсери за да ги промовираат своите производи на платформи како што е Инстаграм.

Една од нив е @ imma.gram, која има повеќе од 300.000 следбеници на Инстаграм. Иако на прв поглед наликува на обична девојка, таа сепак е робот, што заработува вистински пари.

Таа е позната по неколку многу успешни соработки, како што е соработката со Порше, потоа луксузната модна марка Ферагамо. Покрај тоа, таа снима модни едиторијали и учествува во предизвиците на ТикТок.

Виртуелните инфуенсери имаа големо влијание на социјалните мрежи и порано, пред коронакризата.

Според експертите, брендовите се очекува да трошат околу 15 милијарди долари годишно на инфлуенсери во маркетингот до 2022 година, за разлика од ланските 8 милијарди долари.

Се повеќе и повеќе од тие пари припаѓаат на виртуелни инфлуенсери, а традиционалниот маркетинг доживува сериозни нарушувања.

„Виртуелните инфлуенсери, иако се лажни, имаат вистински деловен потенцијал. На долг рок, поевтино е да се работи со нив отколку со луѓе. „100 проценти од нив можат да се контролираат, и можат да се појават на неколку места одеднаш, и што е најважно, тие никогаш не стареат и не умираат“, вели еден експерт за маркетинг.

Додека овој бизнис има смисла, важно е да се разгледа етичката страна за изнајмувањето роботи за да глумат живи луѓе, велат други.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк