novi-banknotiНародна банка ги пушти во оптек новите книжни банкноти во апоени од 200 и 2000 денари, додека ќе ја повлече од употреба банкнотата од 5000 денари. Тоа е прва промена во апоените после период од 20 години.

„Ваквата одлука е донесена врз основа на истражувања и на анализи на сите постоечки фактори, при што се утврди дека постојат реални потреби за воведување на двата нови апоена. Воведувањето ќе овозможи зголемување на понудата на апоените што се на располагање при вршење готовински трансакции, а како секундарен ефект се очекува баланс на побарувачката за одредени деноминации“, соопшти НБРМ.

Додека во врска со повлекувањето на банкнотата од 5000 денари, од НБРМ појаснуваат дека се слабо прифатени и нивното користење е незначително. Деловните банки во Република Македонија ќе ги заменуваат книжните пари со апоенска вредност од 5.000 денари од 15 декември 2016 година до 28 февруари 2017 година, а од 1 март 2017 година нивната замена ќе се врши од страна на НБРМ.